Студентски избори утре на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

78679197_1202043673337920_7828602667566891008_n-702x336.jpg

Студентските избори за членови на факултетското студентско собрание на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ќе се одржат во текот на утрешниот ден. Изборите се закажани со почеток од 10 часот до 15 часот, а ќе се избираат претставници за 15 факултетски единици на универзитетот.

Порталот на универзитетот „УГД Лајф“ пишува дека интересот за студентското организирање е голем, а интерес за учество пројавиле 235 студенти.

Доколку ве интересира дали изборите за факултетско собрание ќе бидат легитимни и сакате да присуствувате на процесот на…

Gepostet von Национален младински совет на Македонија – НМСМ / NYCM / KRNM am Dienstag, 3. Dezember 2019

„Факултетско студентско собрание треба да се избере на секој факултет и тоа брои 10 студенти. Откако ќе се конституира собранието, на конститутивна седница тоа ќе треба да избере претседател на собрание на факултет и да именува по двајца членови во Универзитетско собрание, еден или двајца членови (зависно од статутот) во наставно-научните совети на факултетите и по еден член во Одборот за соработка и доверба со јавноста“, јавува „УГД Лајф“.

Оттаму пишуваат дека откако факултетското собрание ќе формира Универзитетско собрание, на конститутивна седница ќе се избере претседател на Универзитетското собрание и ќе именува соодветни претставници во телата на Универзитетот.

Во меѓувреме, во Скопје утре продолжуваат изборите за претседател и членови на факултетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде ќе се гласа на Економскиот факултет, додека наредниот ден изборите продолжуваат на Машинскиот факултет. Изборите на Архитектонскиот факултет, пак, се закажани за 17 декември.

извор: радиомоф

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail