Студентскиот дом „Кочо Рацин“ – Битола се приклучи кон одбележувањето на денот на основањето на УКЛО

UKLO-za-web-800x322-1.jpg

Државниот студентски дом „Кочо Рацин“-Битола, една од петте придружни членки на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на 19 април 2022 година одржа трибина за студентите на тема „Анксиозноста и силната личност“.

Предавач на трибината беше проф. д-р Гордана Ристевска Димитровска од ВМШ. Низ непосреден и прифатлив начин, таа ги анимира студентите низ практични примери од живот, по што е развиена плодна дебата за тоа како преку јакнење на личноста се надминуваат проблемите во секојдневието.

Студентскиот настан во Државниот студентски дом „Кочо Рацин “ Битола се одржа во рамки на одбележувањето на 25 април, Денот на основањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и претставува уште еден пример за начините на кои студентите на УКЛО можат да се едуцираат за актуелни прашања кои им се својствени на младите луѓе.

Инаку, во студентскиот дом „Кочо Рацин“ пред една година пуштен е во употреба сместувачки центар за студенти со попреченост. Станува збор за комплетно реновиран простор, со капацитет од 15 легла, комплетиран со посебна читалница и кујна, со што Студентскиот дом од Битола е единствен во државата со ваков важен објект, со што се реализира вистинска примена на определбата сите членови на општеството да имаат пристап и можност за студирање.

извор: укло

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail