naslovna-1.jpg

Велат дека студентското време е најдобро време, а веруваме дека многу студенти ќе се согласат со оваа теза. Нема ништо поубаво од пет самостојни години, но без преголема одговорност.

Бидејќи фотографиите покажуваат повеќе од зборовите, низ неколку фотографии ви претставуваме како изгледа студентскиот живот.

Непроспиените ноќи добро ги опишуваат студентите. Без разлика дали не сте спиеле поради учење или поради забава.

Од друга страна, ни попладневната дремка не е непознат поим. Да, тоа е она кога ќе се одлучите да одморите половина час од спиење, па да се пробудите друг ден после  ручек.

Се будите откако алармот ви заѕввонил 30 пати, но не бидејќи тој ве пробудил туку затоа што ве разбудил колегата од другиот крај на ходникот кој помислил дека не ви е добро.

Кој е најдрагиот пијалок на секој студент? Најголемиот број на студенти пијат утринско кафе.

Викенд е периодот кога ќе излезете, ќе се забавувате и ќе го искористите убавото време, да ја средите собата, да пиете кафе со пријателите.

Еден од главните проблеми е вашиот аутфит за излегување. И нема врска што неодамна сте ја обновиле гардеробата, а и понатаму немате што да облечете.

Второ најдраг пијалок на студентите е алкохолот.

А утрото после излегувањата веројатно се обидувате да се сетите како сте се дошле до дома.

Посебно место во студентскиот живот е зборот храна. Најверојатно целиот ден ви се врти околу ручекот/ вечерата. Посебно за време на испитната сесија кое е единствено место поради кое треба да ја оставите книгата.

По факултет, трчање по градот, кавга со контролите во автобус, дожд, а уште не е попладне, сигурно си мислите кога ќе заврши се.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail