Studirajte-besplatno-vo-Peking.jpg

Студирајте бесплатно во Пекинг

Градската администрација во Пекинг нуди стипендии кои вклучуваат партиципација и сместување во Пекинг. Стипендии можат да добијат студентите кои веќе студираат во Пекинг, како и бруцошите на универзитетите во главниот град на Кина.

Стипендиите се движат од 2.800 до 5.700 долари годишно, во зависност од степенот на студирање (додипломски, магистерски или докторски). Студентите на размена исто така можат да добијат пари во износ од 700 долари годишно.

 

Критериуми потребни за добивање на стипендија:

  • Докторантите мора да имаат магистерска диплома и помалку од 40 години.
  • Студентите на магистерски студии мора да имаат диплома и помалку од 35 години.
  • Студентите на додипломски студии мора да имаат диплома за завршено средно училиште и помалку од 30 години.

 

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат за стипендија на самите универзитети, но и во Амбасадата на Кина во Белград.

 

Документи потребни за стипендијата:

  1. диплома
  2. лекарско уверение

Крајниот рок за пријавување е 28.02.2018, а повеќе информации може да најдете на http://www.ebeijing.gov.cn/Study/Scholarships

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail