work_1541686924-1024x683.jpg

Најчесто младите се одлучуваат да работат или да студираат, но се поставува прашањето дали ови две работи можат да одат заедно?

Често има случаеви кога младите ќе најдат работа престануваат да студираат. Мора ли да биде така?

Тешко е да се одговори на прашањето дали студирањето и работењето одат заедно бидејќи пред се треба да се земат во предвид можностите на одредени поединци, а потоа да се земе во предвид изборот на факултет. Некои факултети бараат секојдневно присуство и многу други активности, па затоа е тешко истовремено да работите и да студирате.

Од друга страна има факултети на кои може да се оди вонредно, па во такви случаеви можно е паралелно да одите на факултет и да работите.

Најчесто, вонредните студирања бараат присуство полсе 16часот или за време на викенд, па така студентот може да оди и на факултет и на работа.

Научниците откриваат дека луѓето со повеќе обврски поефикасно ги извршуваат своите обврски.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail