StuJob 2017 – Саем за летна студентска работа и пракса

creativa1.jpg

Во интерес на студентите од Македонија и потребните на компаниите и институциите од државава, првиот студентски портал СТУДЕНТИ.МК , одлучи да организира САЕМ ЗА ЛЕТНА СТУДЕНТСКА РАБОТА и ПРАКСА за сите активни студенти од Универзитетите во Македонија.

Оваа иницијатива треба да биде голема привилегија за двете страни (студентите и идните работодавци)  , кои преку оваа форма на поврзување ќе најдат заеднички интерес во превземањето на активности.

Ширум светот , студентската летна работа и пракса  присутна e повеќе од 60 години.
Скоро и да нема развиена Држава во која не постојат вакви програми за вклучување на нај-напредната младина во активни работни процеси во текот на летниот период кога реално студентите имаат слободно време .

Студентите од Македонија присутни се и изведуваат работни активности во текот на летото во околните Држави , во Америка, Германија и други Европски држави.

Повеќе од 3.500 Македонски студенти секол лето патуваат и работат во споменатите држави .
Ако го имаме ова во предвид , тогаш логично се поставува прашањето

ЗАШТО МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ  НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ОРГАНИЗИРАНА ЛЕТНА СТУДЕНТСКА РАБОТА И ПРАКСА ВО КОМПАНИИ И ИНСТИТУЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА ?

Реално , одговор на ова прашање нема .

  • Можеби немаше до сега организирани иницијативи ?
  • Можеби нема интерес кај студентите за летна работа во Македонија ?
  • Можеби , македонските работодавци немаат потреба од дополнителна работна сила во текот на летните месеци и затоа не вработуваат студенти ?
  • Или можеби , нема атрактивни работни понуди ?

МНОГУ ПРАШАЊА СО „МОЖЕБИ “ .

За да ги надминеме сите овие предрасуди , ние како иницијатори ја отвараме оваа можност за отпочнување на нов процес , процес кој ќе придонесе сите да се чувствуваат заинтересирани и на крај од се задоволни од дадените можности.

Почитувани работодавци , Ве покануваме да ги отворите Вашите врати за студентска пракса за студентите  од Македонија , да им дадете можност да ги покажат своите амбиции и знаење. Секако дел од нив ќе можат да бидат Ваши идни колеги

Почитувани студенти , на Вас е редот да покажете дека Македонија има прогресивна студентска младина и дека Вие сте тие што може да го понесете идниот развој на нашето општество .

ВРАТИТЕ ЗА СИТЕ СЕ ОТВОРЕНИ ……. ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ЛЕТНА СТУДЕНТСКА РАБОТА И ПРАКСА
пријавете се www.stujob.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail