reertert.jpeg

Во Русија во иднина статусот на студентите ќе зависи од системите за вештачка интелигенција, изјави директорот на универзитетскиот центар EDCrunch University при Националниот истражувачки технолошки универзитет MISIS во Русија, Нурлан Кијасов.

Според неговите зборови, врз основа на податоците кои ќе се добијат преку дигитален мониторинг на студентите, системот ќе ја оцени нивната работа, активноста во предавањата, социјалниот живот и однесувањето.

По анализирањето на добиените информации универзитетското раководство ќе одлучи како да постапи со студентот – да го награди или да го охрабри да работи, да го советува да земе дополнителни курсеви, да го проверува поактивно на предавања, да го предупредува за несоодветно однесување или да го исфрли од факултет.

Како што истакна Кијасов, со помош на вештачката интелигенција ќе се елиминира пристрасноста на професорите.

Системот ќе биде тестиран на неколку избрани универзитети, а се очекува неговата имплементација да започне оваа година. До 2021 година, на одделни универзитети ќе се применуваат експериментални прототипови.

Кијасов тврди дека препораките за вештачка интелигенција нема да бидат обврзувачки, а конечната одлука за судбината на студентот ќе ја донесе деканот.

Според Министерството за образование, минатата година од универзитет во Русија се исфрлени 16,8 проценти студенти. Експертите веруваат дека воведувањето вештачка интелигенција ќе го намали тој индикатор на десет проценти.

извор: плусинфо

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail