Супер вест од Шведска: Дојдете, имаме бесплатен престој за сите!

Medical-jobs-in-Sweden.jpg

Шведска ги огласи сите свои населени места на интернет платформата за барање сместување “Аирбнб“, притоа рекламирајќи се како земја во која секој може да дојде да пешачи, кампува, планинари и собира бобести плодови – целосно бесплатно.

Шведска, Данска, Финска и останатите нордиски земји имаат правило под името “allemansratten” што всушност значи “право на секој човек“, коешто подразбира дека секој може да дојде во овие земји и целосно слободно и бесплатно да лута по природните и селски предели на земјата, независно од тоа дали се работи за земја во јавна или приватна сопственост.
“Можете да собирате плодови и да шетате каде и да посакате, се додека не им приоѓате блиску на куќите на мештаните и не ги вознемирувате животните во полето на кое пасат“, вели Џени Кајзер од агенцијата “Visit Sweden”.
Кајзер смета дека со ова огласување Шведска ќе привлече голем дел од корисниците на “Airbnb”. Ова претставува супер шанса за оние кои сакаат целосно бесплатно да ја посетат оваа земја од соништата.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail