SUPER.jpg

Компјутерот наречен „SpiNNaker“, направен во универзитетот во Манчестер, се состои од милиони процесори способни за 200 милијарди акции во секунда – што значи дека може да направи модел на повеќе биолошки неврони во реално време од било која друга машина некогаш создадена.

За разлика од традиционалните компјутери, тој не комуницира со испраќање на големи количини на информации од точка А до точката Б преку стандардна мрежа. Наместо тоа, ја применува паралелната комуникациска структура на мозокот, така што истовремено испраќања мали количини на информации до различни дестинации.

„Во суштина ние направивме машина која повеќе работи како мозок отколку како традиционален компјутер, што е многу возбудливо“, вели Стив Фарбер, професор по компјутерски инженеринг на универзитетот во Манчестер, а пренесува весникот „Индипендент“.

Оваа машина е првиот чекор кон создавање модел на милијарди биолошки неврони во реално време и таа со сигурност ќе овозможи увид во начинот на кој функционира човечкиот мозок.

Користејќи ја оваа машина, ќе биде можно да се истражуваат различни области на мозокот, особено оние кои се погодени од Паркинсоновата болест.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail