telefoniii.jpg

Вооружените грабежи стана толку вообичаена појава во градските автобуси во Мексико Сити поради што патниците дошле до решение – купуваат лажни мобилни телефони што им се предаваат на крадците кога во нив ќе вперат пиштол за да ги ограбат.

Овие лажни уреди чинат помеѓу 15 и 25 долари, имаат екран и изгледаат исто како и оригиналните паметни телефони. Овој изум е особено корисен за граѓаните што се цел на вооружените бандити што напаѓаат автобуси на патот меѓу предградијата и центарот на градот.

Во првите четири месеци од годинава во главниот град на Мексико секојдневно имало 70 пријавени насилни грабежи. Жртви во две третини од грабежите се пешаците, а цел на крадците биле и патниците во автобусите и возачите на автомобили.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail