Светот како село од сто жители

selo.jpg

На планетата Земја живеат нешто повеќе од седум милијарди луѓе. Статистиката за нивниот начин на живот понекогаш е тешко да се води и претстави. Поради тоа, најлесно е да се замисли целиот свет како село со 100 жители.

Да кажеме дека на Земјата има повеќе жени отколку мажи, но разликата не надминува еден процент. Затоа, ќе кажеме дека во село со 100 жители живеат 50 мажи и 50 жени.

Селото има 26 деца до 14 години, 66 луѓе помеѓу 15 и 64 години и 8 од оние најстарите. 60 луѓе живеат во дел од селато кое се вика Азија, 15 живеат во квартот во Африка, 11 во Европа, 9 во Јужна Америка и на Карибите и 5 во Северна Америка.

Во ова мало село живеат 33 христијани, 22 муслимани, 14 хундисти, 7 будисти, 12 пропадници на други религии и 12 атеисти или оние кои не се сметаат за следбеници на религијата, пишува “Business Insider”.

Од нив, 12 зборуваат кинески јазик, 5 зборуваат шпански, 5 зборуваат англиски, 3 зборуваат арапски, 3 зборуваат хинду, 3 зборуваат бенгалски, 3 зборуваат португалски, 2 зборуваат руски, 2 зборуваат јапонски, а 62 зборуваат други јазици

83 од жителите знаат да читаат и пишуваат, 7 имаат завршено факултет, 87 имаат пристап до вода, 78 имаат пристап до електрична енергија, 75 имаат мобилни телефони, 30 активно користат интернет, 22 активно користат компјутер, 65 имаат пристап до чист тоалет, а 16 немаат пристап до нормален тоалет.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top