Светот станува град

svet.jpg

Половина од населението на земјината топка живее во градови. Овој тренд е во пораст. На „Денот на светското население“ ОН предупредија какви проблеми носи тоа.

Подалеку од селото и сите во град. Овој пат го избраа милијарди лица во изминативе децении. Во средината на 20. век, само 30% од вкупното население живеело во градовите, а денес таа бројка е повеќе од 50%. Растот продолжува. Никаде не се раѓаат толку деца како во градовите низ светот. Последица: до 2050 година се претпоставува дека во градовите ќе живее 80% од населението на Земјата.

Многу нови бебиња има пред сѐ во метрополите во Азија, Латинска Америка и Африка. Од друга страна, поголемиот број градови во индустриските земји растат побавно од претходно, или пак бројот на жители опаѓа. На прво место на листата големи региони со големи метрополи е Токио и околината.

Во 2020 година треба да има 27 мегаградови со над десет милиони жители – сите во земјите во развој. Тие, меѓу другото, настануваат и така што одделни помали градови се припојуваат кон поголемите метрополи. Исто така, многу градови се шират и кон периферијата, многу често неконтролирано со основање на диви населби на крајот од градот. Но, често нема доволно простор за ширење на градот, поради што има луѓе кои делат заеднички соби или станови и живеат во тесен простор.

 

Infografik Großstädten - die größte Städte von der Bevölkerungsmenge DEUНајголеми градови во светот според број на жители

Ако ви треба простор, тогаш е најдобро да се преселите во САД. Речиси сите градови кои се на крајот од листата се во Америка. На пример, во Ноксвил, Тенеси, има 1000 жители на метар квадратен.

Во пренаселените градови во сиромашните земји не недостасува само простор. Вода за пиење е еден од најголемите проблеми. Луѓе полнат вода во канистри. Тоалети – и ова е во недостаток со оглед на фактот дека многу станови не се поврзани со систем на канализација. Секој трет живее во нечовечки услови.

Во таканаречените „сламови“, односно сиромашни населби, живеат над 900 милиони луѓе, поголемиот дел во Африка јужно од Сахара. Во вакви населби живее и поголемиот дел од бегалците кое биле приморани да си ги напуштат домовите. Во овие неформални населби живеењето не е отежнато само поради недостаток на простор, туку и недостаток на инфраструктура.

Тие се особено подложни на опасноста од природни катастрофи, бидејќи се често поставени на места на кои се можни поплави. Притоа, има контроверза околу тоа што треба да биде дефинирано како слам, а што е сиромашна населба.

Но, и во богатите држави има многу граѓани кои не можат да си дозволат покрив над главата. На пример, во Њујорк има над 60000 бездомници кои добиваат социјална помош. Една од причините е тоа што висината на недвижностите и цените за наем на станови расте побрзо од растот на висината на примањата на луѓето.

Врз основа на едноставна пресметка, жителите на градовите во индустриски развиените земји имаат потешкотии да најдат стан кој може да си го дозволат: се сумираат приходите на сите жители во градот и се зема средната просечна вредност. Но, тоа сега се прави и со цените на куќите во еден град. Ако се дели просечната вредност на недвижностите со просечната средна вредност на годишниот приход, тогаш се добива вредност која покажува колку им е тешко на жителите да си купат сопствен имот.

Infografik Großstädten - die größten Armenviertel der Welt DEUНајголеми сиромашни населби во светот

ОН апелираат до сите земји посилно да ги регулираат пазарите со недвижнини и да се поттикне изградба на социјални станови за да може и на луѓето со ниски примања да им се овозможи пристап до станови кои може да ги платат. Во многу земји недостасуваат функционални урбанистички планови.

Растот на градовите и вака и онака ќе продолжи: без разлика дали тоа ќе биде неконтролирано или плански. Градовите од иднината ќе станат успешен модел само кога градските планери и политичарите ќе предвидат доволно зелени површини, чист јавен превоз, доволно станбен простр и безбедност на улиците.

Infografik Großstädten - in der Zukunft am schnellsten wachsende Städte DEUГрадови со најбрз раст

Ако сето ова се исполни, тогаш метрополите можат да функционираат во вистинско светло и да ја покажат својата моќ. Бидејќи, градовите се моторот на напредокот и тие ја поттикнуваат креативноста на сопствените жители. Не само што размената на стоки и услуги е пофункционална во градовите отколку на село – туку и дебатата и размената на различни ставови тука е поедноставна. Заради тоа, на крајот, градовите ќе бидат тие што ќе се погрижат за тоа човештвото да не стане жртва на сопствениот напредок и раст. Тоа особено  може да донесе надеж за африканскиот континент. Според ОН, растот на градовите во иднина ќе биде особено брз.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail