СВЕТСКА БАНКА СО ДЕТАЛИ: Еве зошто Македонија е една од најсиромашните држави на Балканот

ban.jpg

Според Светска банка Македонија е меѓу најсиромашните држави на Балканот и во Европа.

52.210 долари е богатството на Македонија по глава на жител со што е меѓу последните на Балканот и на континентот. Ова се наведува во најновиот извештај на Светската банка „Променливото богатство на нациите“ кој предвид зема повеќе категории.

До вредноста на вкупното богатство на државите се доаѓа со собирање на повеќе категории и распределба на збирот со бројот на жители. Така Македонија по глава на жител има производствен капитал во вредност од 18.969 долари, природен капитал од 11.416 долари и човечки капитал од 24.770 долари и негативен капитал во странство од -2.945 долари.

Производствениот капитал предвид ги зема урбаните површини, објектите, опремата и машините по тековни пазарни цени.

Природниот капитал ги зема вo предвид земјоделските површини, шумите, заштитените подрачја, резервите на нафта и руда.

Човечкиот капитал го мери населението според статусот вработен/невработен и вредноста на вкупната заработка во текот на животот.

Имотот во странство е збирот на сите долгови и побарувања на земјата кон надвор.

Аналитичарите на Светската Банка објаснуваат  дека ова мерење дава подобра слика за состојбата на одредена економија од стандардните макроекономски показатели како на пример Бруто домашниот производ (БДП).

На Балканот зад нас се единствено Босна и Херцеговина со 40.486 и Турција со 45.998 долари по глава на жител. Пред Македонија се Албанија со 53.107, Бугарија со 81.878, Романија со 107.022, Хрватска со 147.545, Грција со 227.925 и Словенија со 351.776. За Србија нема податоци.

Најсиромашните пет држави во светот се: Гамбиа со 5.208, Мозамбик со 7.718, Бурунди со 7.579, Коморските острови со 8.836 и Гвинеја со 8.943.

Најбогатите пет земји во светот се: Норвешка со 1 милион и 672 илјади долари по глава на жител, Катар со 1 милион и 597 милиони, Швајцарија со 1 милион и 466 илјади, Луксембург со 1 милион и 288 илјади и Кувајт со 1 милион и 123 илјади долари по глава на жител.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top