Светска ѕвезда призна дека не била музичар туку дел од ланец на проституци

kaja.jpg

Каја Џонс, поранешна членка на групата “Pussycat Dolls”, седум години по распадот, призна дека морала да ги остави своите соништа, колеги, бендови и да се откаже од заработувачката од 13 милиони евра. Музичката ѕвезда не можеше да толерира постојан притисок и уцена на продуценти кои ги експлотираа, им ја земале заработката и ги принудуваа на секс.

Пејачката ја напушти групата уште во 2005 година, а сега таа се огласи со провокативна изјава на Твитер.

„Мојата вистина, јас не бев во женска група, бев во синџир на проституција” – напиша таа.

„Пеевме и бевме познати. А пари заработуваа сите кои на некој начин не имаа, поседуваа. За успех е потребно да си тимски играч. Ако една се согласи, сите мора да ја следат, Тоа значи да спиеш со сите кои ќе ти кажат“ – изјави пејачката за американските медиуми.

Основачот на бендот и нивниот менаџер, Робин Антин, рече дека Каја била само на “пробна работа” во бендот дека никогаш не била формално еднаква членка со другите девојки од бендот.

Антин, исто така, рече дека нејзините зборови и обвинувања се смешни и немаат никаква врска со реалноста.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail