Светски ден на литературата за деца

d703ccf795e15f4b2ece60b503df9bc4_XL.jpg

Студентите од Kатедрата за македонски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет во Штип се вклучија во одбележувањето на светскиот ден на литературата за деца.

Конкретно, по повод светскиот ден на литературата за деца, НУУБ „Гоце Делчев” и ЈОУДГ „Вера Циривири-Трена” организираа читање на бајки од Андерсен пред дечињата од голема група.

Интерпретативното читање беше проследено со интерактивно раскажување и креативна работилница.

Во активноста се вклучија студентките: Наташа Ѓорѓиевска, Ана Рувиноска, Верица Милорадова, Милена Тасева и Ана Патриклиева.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail