СВЕТСКИ ФОРУМ ЗА ТУРИЗАМ, Луцерн, Швајцарија

Bitola.uni_.jpg

Со цел промовирање на одржливиот развој во туризмот како глобална стопанска гранка, во периодот 3 – 5 мај 2017, во швајцарскиот Луцерн се одржа Светскиот форум за туризам (World Tourism Forum Lucerne – WTFL2017), организиран од Универзитетот во Луцерн, Швајцарија и Светската туристичка организација.

На Форумот, УКЛО беше претставен од ректорот Коруновски и проф. Нестороска од Факултетот за туризам и угостителство како ментор на студентот-претставник, Томе Барбутов, чијшто труд беше избран меѓу 14 најдобри студентски научно-истражувачки трудови на натпреварот организиран од WTFL.

УКЛО партиципира во работата на Форумот врз основа на потпишан Меморандум за соработка што стимулира интегрирање на професионалните работници во секторот на туризмот и високообразовните институции што подготвуваат кадри за оваа стопанска гранка. Петтото издание на Форумот оваа година се фокусира врз новата генерација што планира кариера во туризмот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail