„Светски пикник“: Специјалитети од 10 земји во Градски парк

svetski-piknik-1.jpg

Советот на странски инвеститори на Стопанската комора и годинава трет пат по ред го организира хуманитарниот „Светски пикник“ на која граѓаните ќе можат да вкусат храна од земјите од каде што потекнуваат инвеститорите.

Годинава на пикникот кој ќе се одржи на 24 јуни во Градски парк, ќе биде претставена храната од 10 европски земји.

Посетителите, како што информира претседателот Советот на странски инвеститори на Стопанската комора, Штефан Петер ќе имаат можност за 100 денари да дегустираат некој од националните специјалитети.

– На менито се виенска шницла, француски кроасани, турски ќебап, грчко гиро… ,а ќе можат да се забавуваат и со македонкиот претставник на Евровизија, Ај Кју– рече Петер

Освен што ќе биде забавен, настанот, рече Петер, има и хуманитарен карактер.

– Сите пари од продадената храна ќе бидат донирани во народните кујни „Св. Петар и Павле“ и „Ел Хилал“. Токму затоа очекуваме што поголем број на посетители и да кажам дека прогнозата за времето е поволна. Но и да врне тоа нема да не запре да го организираме пикникот – рече Петер.

На првиот „Светски пикник“ во 2016 година имало преку 2.000 посетители, а за годинава организаторот планира оваа бројка да ја надмине се со цел да обезбеди што повеќе пари за народните кујни и да ја доближи храната и културата на 10 земји на македоснките граѓани.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail