Светскиот кибернетичар Кевин Ворик – почесен професор на УКИМ

kevin.jpg

Светски познатиот научник и професор по кибернетика, Кевин Ворик (Kevin Warwick), од вчера, е почесен доктор на науки и на нашиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Звањето почесен доктор, Ворик го добива по повод одбележување на Денот на македонските просветители, Светите Кирил и Методиј.

„Кибернетиката е наука за хармоничноста во работата меѓу луѓето и технологијата и самиот факт што ова се смета за многу важно  тука, значи на Универзитетот и градот Скопје заземаат многу важно место во моето срце, а сигурен сум дека и во вашите. Истражувањата понекогаш носат подеми, но и понекогаш и падови. Важно е да се учи од грешките, бидејќи само на тој начин може повеќе да се ужива во успехот“, рече професор Ворик во своето обраќање по прогласувањето за почесен доктор на науки.

Професор Ворик за избор во почесен доктор е предложен од наставно-научниот совет на Факулетот за електротехника и информациски технологии од Скопје. Неговиот придонес во научните и технолошките откритија е огромен.

Кевин Ворик е роден во 1954 година во Ковенри, Англија. По завршување на основното и вишото училиште, на 16 годишна возраст, се вработува во Бритиш Телеком. По неколку годишна пракса како електроинженер по телекомуникации, го продолжува своето образвоание на Универзитетот во Астон, каде ја добива својата прва универзитетска диплома по електротехника и електроника. Набргу потоа, станува докторанд-истражувач на Универзитетот „Империјал Колеџ“ во Лондон, а во 1982 година  одбранил докторат. Во 1987 година (на 33 годишна возраст) станува редовен професор на Универзитетот во Рединг, каде осум години бил раководител на Департмантот по кибернетика, а бил и Декан на Школата по инженерство и информациски науки. Вршел и други функции, како директор на Универзитетски центар за пренос на технологија, визитинг-професор на неколку универзитети и институти.

Неговата импресивна биографија продолжува со многу сериозен и огромен придонес во сферата на кибернетиката. Овој светски познат професор дава огромен придонес и во развојот и соработката со Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, посебно на Институтот по автоматика и системско инженерство, соопштија од УКИМ.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.