Светското првенство во фудбал 2018 во Русија ќе го обезбедуваат роботи

Руски научници понудија решение за да ги заштитат странските навивачи од локалните насилници и хулигани за време на Светското фудбалско првенство идната година во Русија. Тие креираа роботи телохранитело кои можат да детектираат агресивност.

На Интернет се појави видео на коешто може да се види робот кој се движи наоколу и изговара охрабрувачки пораки за њубителите на спортот кои планираат да патуваат во Русија идното лето.

Истражувачи од Московскиот институт за технологија истакнаа дека роботите се движат на четири нозе и можат да ги детектираат човечките емоции. Тие автоматски ќе ја контактираат полицијата доколку забележат агресивно однесување доколку видат дека не може да се реши со дипломатски разговор.

Русите најпрвин им се обратија на Биртанците кои планираат да одат во Русија, но се плашат од насилство. „Прочитав дека многу англиски навивачи не се чувствуваат безбедни да отпатуваат во Русија. Не треба да се грижите, јас лично е ве чувам. Ќе бидам покрај вас во Москва и ќе ве штитам од секакви проблеми” им порача роботот AlanTim на навивачите.

Светското првенство во фудбал во Русија ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули 2018 година.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail