Свињизми – роман за луѓето на 21 век !

svinjizmi-roman-za-lugjeto-na-21-vek-001.jpg

Мари Даријесек (1969) е една од најпопуларните француски писателки од поновата генерација. Свињизми е нејзиниот најпознат роман, финалист за наградата Гонкур.

Брилијантен сатиричен роман за необична млада жена која работи во салон за масажа, при што истовремено дава сексуални услуги на своите муштерии.

На почетокот таа доживува огромен успех, кој е попречен од нејзиното бавно претварање во – свиња. Отфрлена од блиските почнуваа да живее живот на бездомничка. Случајната средба со еден политичар ја поставува во средиштето на неговата политичка кампања. Нејзината судбина се менува кога ќе сретне еден врколак со исклучителен апетит.

Прашања за родот, политиката и општественото лицемерие се главните аспекти на овој исклучителен роман.

Свињизми е феминистичката Метаморфоза на деведесеттите години, истовремено моќен антиутописки роман за политичката моќ и нејзината брутална опачина.

Книгата може да ја најдете во издавачката куќа Магор.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail