СЗО ги заврши тестовите за вакцина против ебола со 100-отстотна ефикасност

ebola.jpg

Светската здравствена организација соопшти дека со 100-отстотна ефикасност ги завршила тестирањата на експерименталната вакцина против вирусот Ебола.

Соопштението е објавено на сајтот на организацијата, пренесоа светските агенции.

Ниту еден случај на зараза со Ебола не бил регистриран 10 дена откако повеќе од 5.000 лица во Гвинеја ја примиле вакцината, позната како rVSV-ZEBOV. Вакцината им била понудена на луѓе кои биле во близок контакт со лица на кои им е дијагностицирано заболување.

Во 2013 година во Гвинеја избувна епидемија на Ебола и продолжи да се шири низ другите земји од Западна Африка, а од неа починаа 11.000 лица.

Во соопштението се прецизира дека производител на вакцината е фармацевската компанија MSD.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top