СЗО: Поради загаден воздух, годишно во светот умираат осум милиони луѓе

zagaden-vozduh.png

Повеќе од 90 проценти од глобалната популација дише високо ниво на загаден воздух, предупредува Светската здравствена организација, а главна причина за смртта на речиси осум милиони луѓе годишно, според СЗО, е загадениот воздух.

Во најновиот извештај на организацијата се наведува дека во секој агол од планетата Земја има загаден воздух, а проблемот е далеку поголем во сиромашните држави.

„Загадениот воздух ни се заканува на сите, но најсиромашните и најмаргинализираните луѓе го носат најголемиот товар“, изјави шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Амбиенталното загадување на воздухот било причина за смрт кај 4,2 милиони луѓе во 2016 година, а загадувањето на воздухот во куќите, предизвикано од готвењето и штетните горива и технологијата, е одговорно за 3,8 милиони смртни случаи таа година, се наведува во најновиот извештај на СЗО.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail