СЗО: Вакцината против ебола е 100 проценти успешна

img-312957.jpg

Светската здравствена организација (WHO) објави дека експерименталната вакцина против еболата е 100 проценти успешна. Иако оваа вакцина не беше на располагање во 2014 година кога во некои африкански земји изби епидемија на ебола, претпоставките се дека таа ќе има важна улога во следните години.

Во моментот од СЗО бараат одобрување за вакцината “rVSV-EBOV” да може да се користи глобално најдоцна до 2018 година.

„Ако повторно избие епидемија на ебола повеќе нема да бидеме беспомошни како што бевме пред две години. Светот не може да си дозволи уште една таква човечка катастрофа“ – изјави водечката истражувачка Мари Паули Киени од СЗО.

Епидемијата на ебола од 2014 година однесе повеќе од 10.000 животи во западна Африка.

Кај оние што биле дел од експерименталната фаза на вакцината еболата не се вратила, објаснува СЗО, додавајќи дека сега напорите се насочени кон децата бидејќи вакцината досега не била тестирана на деца.

Експерименталната вакцина е развиена под водство на СЗО во соработка со Министерството за здравство на Гвинеја и меѓународните организации.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail