„Таен милијардер“ ќе треба за 90 дена од нула да изгради компанија вредна милион долари

milioner.jpg

Ново риалити шоу на телевизиската мрежа ќе проверува колку го бива еден милијардер испраќајќи ги во непознат град каде треба за 90 дена од нула да изградат компанија вредна милион долари.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Насловот на шоуто е „Таен милијардер“ и предуслов за учество во него, освен да си милијардер, е парите да ги имаш сам/а заработено, а не да се наследени (како бизнис или како пари).

Тестот е следен:

– Треба да се создаде компанија вредна милион долари.

– Почнуваш од нула.

– Имаш 90 дена.

– Во град со средна големина.

– Не смееш да ги користиш постојните врски што ги имаш.

– Не може да се пробаш во истата индустрија во која работиш.

– И за почеток најверојатно имаш само 200 долари (точната сума моментално се договара).

Од телевизијата не откриваат ништо за идентитетот на милијардерот, ниту од која индустрија доаѓа. Во шоуто публиката од старт ќе знае кој е „натпреварувачот“, но не и неговите идни вработени.

На крајот од шоуто предвидено е тој на вработените да им го поклони бизнисот што го создале. Дискавери ќе има и посебна приказна за вработените во шоуто како покритие за камерите што цело време ќе бидат присутни.

Идејата не е на Дискавери, туку на милијардерот кој ќе биде главен лик во првата сезона од шоуто. Снимањето треба да започне деновиве.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top