Тајна окована со мраз: Под Антарктикот се крие огромен мистериозен објект?

antartikkk.jpg

Научниците веруваат дека под антарктичкиот мраз се крие огромен објект кој би можел да го промени начинот на кој ја доживуваме историјата.

Огромната мистериозна „аномалија“ најверојатно се наоѓа под вечниот мраз во областа наречена Вилксова земја, пишува „New York Post”. Некои истражувачи сметаат дека тука се наоѓаат остатоци од огромен астероид, два пати поголем од оној кој ги збришал диносаурусите од лицето на Земјата. Ако тоа е точно, тој астероид предизвикал истребување во добата на Перм и Тријас, кој убил 96 отсто од морските суштества на нашата планета и околу 70 отсто од `рбетниците.

Меѓутоа, луѓето со бујна фантазија сметаат дека станува збор за огромна база на НЛО, па дури и за портал во мистериозен подземен свет. Инаку, во 2006 година НАСА на Вилксовата земја забележала гравитациска аномалија која би требало да е показател на присуство на огромен објект кој стои во кратерот со пречник од 480 километри. Научникот кој прв ја забележал аномалијата верува дека станува збор за место каде што удрил голем астероид.

„Овој удар бил поголем од оној кој ги истребил диносаурусите и веројатно предизвикал огромна штета“, вели Ралф фон Фресе, професор по геологија на Универзитетот во Охајо.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail