man.png

Речиси две години трае реконструкцијата на еден од најважните и најстари православни манастири во Турција.

Токму благодарение на градежните работи на „Сумела“, дошло до големо откритие во северниот дел од манастирот каде што е пронајден таен тунел кој води до сокриена мала капела.

Капелата била насликан со фрески чија што тема бил рајот, пеколот, животот и смртта. Иако не е во добра состојба, се очекува за јавноста да биде отворена на лето идната година.

Според зборовите на локалните власти од градот Трабзон, реконструкцијата се одвива во тешки услови. Сепак, посетителите на манастирот за неколку години конечно ќе имаат прилика да го посетат секој агол од манастирот, откако специјални тимови ќе ги отстранат опасните карпи кои што водат до новооткриените простории.

Инаку, „Сумела“ е грчки православен манстир посведен на Богородица и се наоѓа на планината Мела во провинцијата Трабзон во Турција. Овој манастир е еден од најголемите православни светилишта во светот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail