Тајните на Словенија: Девет скриени културни богатства

9tajnite-na-slovenija-9-skrieni-kulturni-bogatstva-kafepauza.mk_-783x1024.jpg

Словенија многу пати е нарекувана „скриено богатство“. Иако сте слушнале за неа, сигурно не сте помислиле да ја посетите. Секако сте слушнале за познатите места во Словенија, како на пример главниот град Љубљана, или пак Бледското Езеро, но оваа земја крие уште многу убавини кои чекаат на вас. Доколку се одлучите да ја посетите, еве ви мал водич кој ќе ви помогне да ги откриете сите нејзини тајни.

1. Истражете ги замоците

(1)tajnite-na-slovenija-9-skrieni-kulturni-bogatstva-kafepauza.mk

Словенија е полна со замоци. И покрај тоа што дел од нив се уништени, сепак има уште многу. Некои од нив се спектакуларни, како на пример Предјамски Град кој е вдлабнат во карпа. Во 15-тиот век, сопственикот на замокот, Еразем Легер, издржал под опсада неколку месеци, сè додека не бил предаден од негов слуга. Слугата му сигнализирал на непријателот кога Еразем бил повикан од „мајка природа“, па непријателот го нападнал тоалетот со катапулт.

2. Ловење на „луѓе“ во пештерите

(2)tajnite-na-slovenija-9-skrieni-kulturni-bogatstva-kafepauza.mk

Има многу пештерски системи под Словенија. Додека Постоинската Јама е најпозната и најчеста дестинација на туристите, посетете ја и Шкоцијанска Јама. Пештерата изгледа како дел од светот на Господарот на прстените, а во неа се наоѓа и рибата „човек“ која е слепа и има проѕирна кожа која потсеќа на човечка. Многу долго се мислело дека овие риби се всушност змејски бебиња.

3. Скриениот танец на смртта

(3)tajnite-na-slovenija-9-skrieni-kulturni-bogatstva-kafepauza.mk

Селаните многу често се собирале во цркви поради многуте разбојнички експедиции од Турците, кои се случувале често. Една од најимпресивните цркви е црквата Светото Тројство, која има прекрасна серија од фрески наречена „Танцот на смртта“ која датира од 1490-та година. На фреските има луѓе, од кралеви до селани, кои се прикажани како еднакви и кои сите ги чека истото – смрт.

4. Плато од Средната Земја

(5)tajnite-na-slovenija-9-skrieni-kulturni-bogatstva-kafepauza.mk

Ако пештерите потсеќаат на рудниците Морија од книгите на Толкин, тогаш Велика Планина изгледа како вистински Шаер. Традиционалните дрвени колиби со чудна форма кои ги користат овчарите, навистина потсеќаат на хобитските куќи од светот на Толкин.

5. Идиличен алпски град

(4)tajnite-na-slovenija-9-skrieni-kulturni-bogatstva-kafepauza.mk

Додека Бледското Езеро привлекува најмногу внимание, самиот град е одмаралиште кое застанало во 1950-тите. Наградата за идиличен алпски град е помеѓу Радовјица (веднаш до Блед) и Камник (25 минути северно од Љубљана). И двата града имаат долги пешачки патеки, месарници од 18-тиот век, црвени покриви, црквени кули и прекрасна архитектура од доцниот Барок.

6. Карневал каков што не можете ни да замислите

(6)tajnite-na-slovenija-9-skrieni-kulturni-bogatstva-kafepauza.mk

Прекрасното градче Птуј е местото каде што се случува еден годишен, навистина бизарен настан. Ова е карневал каде што мажите се облекуваат како чудовишта наречени„куренти“. Тие носат облека направена до кожа од овца, огромни маски направени од дрво, долги кожени јазици, рогови од бик, колани на кои се закачени ѕвончиња за крави и во рацете држат големи стапови. Целта на овој карневал е „курентите“, правејќи врева, да ги избркаат лошите духови и зимата и да направат место за пролетта.

7. Уметничко богатство

(7)tajnite-na-slovenija-9-skrieni-kulturni-bogatstva-kafepauza.mk

Брегот на Словенија е поранеша венецијанска колонија, и градовите Пиран и Копер се навистина интересни. Пиран е многу „фотогеничен“, додека Копер нуди повеќе активности. Пиран бил домот на Џузепе Тартини, еден од најдобрите виолинисти во минатото. Неговото дело „Вибрато на ѓаволот“, кое се смета дека е едно од најтешките за свирење, според приказната е напишано откако Џузепе го сонувал ѓаволот. Иако Словенија не била многу богата за да ги привлече најдобрите уметници од Европа, сепак постојат одлични дела од венецијанскиот мајстор Карпачо во катедралата во Копер.

8. Скапоцени томови во скриени библиотеки

(9)tajnite-na-slovenija-9-skrieni-kulturni-bogatstva-kafepauza.mk

Манастирите во Словенија кријат вистинско богатсво, но речиси ни еден од нив не е отворен за јавноста. Но, ова не значи дека не можете да посетите некои од нив. Потребно е да се најавите и да разговарате со свештеник од манастирот, а ова ја прави посетата уште позабавна. Во Љубљана, Језуитската семинарија има прекрасна барокна библиотека која ја нема видено речиси никој. Друга слична библиотека се наоѓа во Камник, која има над 10,000 тома, вклучувајќи и некои од најпрвите печатени книги.

9. Генијална архитектура

(10)tajnite-na-slovenija-9-skrieni-kulturni-bogatstva-kafepauza.mk

Оние кои ја посетуваат Љубљана најмногу се фасцинирани од градбите на мистичниот архитект Јоже Плечник. Најголемиот дел од неговата уметност се наоѓа во Словенија, а во Љубљана дизајнирал деситици згради. Љубљана навистина го носи неговиот белег, и речиси секоја зграда што ќе ви го одземе здивот е негово дело. Неговата куќа, која сега е музеј, веројатно е најдоброто место за подобро да го запознаете. Потоа може да го прошетате патот на Плечник кој се наоѓа во центарот на градот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail