Така се прават милијарди – Безос е најбогатиот човек на светот, а неговите вработени не смеат да одат ниту во тоалет…

amazon.jpg

Повеќе илјади работници во европските магацини на американската компанија „Амазон“ започнаа штрајк барајќи подобри услови за работа и повисоки плати.

Германскиот синдикат на работници „Верди“ прогласи еднодневен штрајк со цел да ги поддржи барањата за договори кои што би гарантирале здрави работни услови за работниците во складиштата на најголемата светска компанија за е-трговија.

„Пораката е јасна – додека онлајн гигантот заработува, истовремено штеди пари на штета на здравјето на своите работници“, изјави Штефани Нуценбергер од синдикатот „Верди“, пренесуваат германските медиуми.

Некои од работниците во магацините тврделе дека добиваат казни доколку земеле неколку слободни денови, а во компанијата се работи толку напорно што работниците не можат да земат пауза за да одат во тоалет.

Еднодневниот штрајк во шест објекти на „Амазон“ во Германија се поклопи со промотивниот ден на компанијата “Prime Day” во Америка кој што беше вчера, додека истовремено работниците на американскиот гигант во Шпанија штрајкуваат веќе три дена.

Од „Амазон“ очекуваат дека само мал дел од 12-те илјади работници во Германија да се приклучат на штрајкот. Исто така, од компанијата соопштија дека централните магацини на „Амазон“ нудат конкурентна плата и сеопфатни погодности уште од првиот ден од вработувањето, а минималната плата изнесува 12,22 евра по час или повеќе после две години.

Германија е вториот најголем пазар на „Амазон“ после САД. Нето продажбата во европскиот економски гигант пораснала минатата година за 20%, на 17 милијарди долари, што чини околу 9,5% од вкупната продажба, стои во годишниот извештај на компанијата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail