Team2Win натпревар

Team2Win-natprevar.jpg

Team2Win натпревар

Машински факултет – Скопје во соработка со Раде Кончар –ТЕП распишува отворен повик за учество на натпревар за развивање на идејно решение за печка на пелети.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Натпреварот Team2Win e надополнување на настанот што се организираше минатиот семестар, со тоа што овој пат акцентот ќе биде на дизајн кој вклучува целосна техничка документација за избраното решение. Повикот за пријавување на натпреварот трае до 10.02.2018 година.

Пријавувањето на натпреварот е во тимови, од 4 до 5 члена за студентите од трета и четврта студиска година (втора и трета од тригодишните студии) од Машинскиот факултет – Скопје. Членовите од тимот треба да бидат од најмалку ТРИ различни студиски програми.

Исто како и на претходниот натпревар, трите најдобри тимови ќе бидат парично наградени од компанијата Раде Кончар ТЕП.

 

Team2Win место – 1000 € +
Team2Win II место – 600 €
Team2Win III место – 400 €

Пријавувањето е на следниот линк (https://goo.gl/forms/d4l0k3zzM8NVAW3o2)

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top