evn.jpg

EВН Електродистрибуција е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени.

Техничар во Одделот за Информатички технологии (М/Ж)

Опис на работните задачи

  • Инсталирање на Windows ОС и конфигурација на десктоп опрема, видео бимови, дигитални фотоапарати, принтери, фиксен телефон, мобилен телефон, blackberry уред
  • Oтстранување и трајно решавање на дефектите  на  ИКТ опремата самостојно или во соработка со овластените сервисери
  • Помош при најава на ИКТ инфраструктура на новите корисници преку далечински  пристап или на лице место
  • Решавање на поплаки пријавени како проблеми при  најава и тековно работење на корисниците во Windows Server околината
  • Спроведување на активности за отстранување и трајно решавање или делегирање на проблемите на повисоко ниво поврзани со функционирање на апликациите што се користат во компанијата ( MS Office, SAP, Brics CAD, Power Term, Omnitracker..)
  • Решавање на проблеми со најава и тековно работење на корисниците во Билинг системот
  • Решавање на поплаки во врска со користење на RSА токени и дигитални сертификати
  • Евидентирање на секое корисничко барање/поплака во Ticket-инг системот
  • Евидентирање на секоја спроведена промена на ИКТ опремата во базата на податоци за Основни средства

Потребни квалификации и лични карактеристики

  • Солидно познавање на  Microsoft Windows OS
  • Солидно познавање на англиски јазик
  • Основно познавање за тековно одржување на десктоп опрема
  • Солидно познавање на MS Office
  • Високо развиени комуникациски способности
  • Доверливост, исполнителност, иницијативност, способност за работа под притисок и кратки рокови, способност за работа во тим

Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на [email protected] испратете куса биографија и мотивационо писмо, или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 02.07.2017 година.

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување (https://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx)

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail