ТЕХНИЧАРИ – ВЛЕЗ ВО БАЗА НА ПОТЕНЦИЈАЛНИ КАНДИДАТИ

alkaloid.jpg

Здравото човечко тело понекогаш буди повеќе од искрена восхит. За нас во АЛКАЛОИД, постојана инспирација и стремеж е да го заштитиме и да го сочуваме овој скапоцен подарок на природата. Поеќе 8 децении со неуморна страст создаваме производи кои се синоним за врвен квалитет. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец, затоа што веруваме дека

 ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ…

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим, да ги остварите своите амбиции и визија за својот личен успех, доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати, внимателно проследете ја следната информација:

А Л К А Л О И Д   А Д   С К О П Ј Е

Има потреба од редовно годишно надополнување на базата на потенцијални кандидати од следните образовни профили, за потребите на одделите на Производство, Контрола на квалитет и Истражување и развој:

  • Фармацевтски техничари
  • Хемиски техничари 
  • Медицински техничари
  • Производно-процесни техничари
  • Гимназиско образование

Потенцијалните позиции предвидуваат работа во смени и ги опфаќаат следните активности:

  • Комплетно изведување на процесите на машинско и рачно производство и пакување, со цел добивање на квалитетен производ, во согласност со нормите за Добра производна пракса и воспоставениот интегриран систем за квалитет, животна средина, безбедност и здравје при работа
  • Контрола на параметрите на производот
  • Подготовка за работа и контрола на производната и лабораториската опрема и материјалите во тек на работата
  • Подготовка и чистење на машините, работните места, просториите, лабораториските садови и инструменти пред и по завршување на работа
  • Помош при подготовка на раствори и реагенси за изведба на лабораториски анализи.
  • Помош при земање мостри од суровини, амбалажа и готов производ
  • Учество во процесот на воведување на нови производи и валидација на технолошки процес во производство
  • Грижа за функционирање на системот за прочистена вода и  отстранување на отпад
  • Снабдување на лабораториите со потребни реагенси и потрошен материјал
  • Водење записи за активностите и изработка на документација

Доколку сакате да бидете дел од листата на потенцијални кандидати за работни позиции што би се отвориле во текот на годината, Ве замолуваме да аплицирате на еден од следните начини:

–     со достава на писмо за мотивација, кратка биографија (CV), копија од дипломата за завршено формално образование и копија од сертификати и од други дипломи на електронската пошта career@alkaloid.com.mk со назнака „За влез во базата на потенцијални кандидати за производство и лаборатории“;

–       со креирање личен профил на следниот линк: https://career.alkaloid.com.mk

Алкалоид АД Скопје го задржува правото, доколку се појави потреба во текот на годината, да исконтактира со заинтересираните кандидати.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail