Технолошко-металуршки факултет организира средношколски натпревар “Иновативни производи – 2017“

tmf-2.png

Целта на овогодишниот натпревар е да се мотивираат учениците од средните училишта да ги промовираат своите идеи за креирање на иновативни производи

 

Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје, под покровителство на Здружението на металурзите на Македонија, организира натпревар за средните училишта Република Македонија – Иновативни производи- 2017“.

Целта на овогодишниот натпревар е да се мотивираат учениците од средните училишта да ги промовираат своите идеи за креирање на иновативни производи (кои не се комерцијализирани, односно не постојат на пазарот) од следните категории на материјали:

  • – Полимерни материјали
  • – Керамички материјали
  • – Метални материјали
  • – Композитни материјали
  • – Наноматеријали
  • – Иновативна храна и пијалоци
  • – Текстилни материјали

Учениците кои ќе учествуваат на натпреварот би требало да дадат свои идеи за иновативни производи, фокусирајќи се на примената на промовираните идеи. Учесниците на натпреварот своите идеи треба да ги образложат во пишан проект и да го достават во печатена форма до факултетот најдоцна до 18.04.2017 година.

Тимовите на најиновативните 20 проекти ќе ги презентираат истите на Технолошко-металуршкиот факултет на 12.05.2017 година. Тимовите-предлагачи на проектите треба да се составени од два ученика (од втора, трета и четврта година) и професор-ментор.

За најуспешните тимови се предвидени парични награди за освоено прво, второ и трето место во висина од 15.000, 10.000 и 5.000 денари соодветно, како и дополнителни награди во вид на 10 школарини на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.

Заинтересираните можат подетално да се информираат на следниот линк или да се обратат на професор Александра Бужаровска на e-mail  адреса: natprevar@tmf.ukim.edu.mk.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail