Телефонот на смртта продаден за 243 милиони долари

telefon20.jpg

Личниот телефон на водачот на нацистичка Германија, Адолф Хитлер е продаден во неделата за 243 милиони американски долари, соопшти аукциската куќа Alexander Historical Auctions.

Почетната цена на наддавањето кое се одржа во Чесипак Сити во американската сојузна држава Мериленд, изнесуваше 100 илјади долари. Портпаролот на аукциската куќа, Андреас Корнфилд не сакал за медиумите да го открива името на новиот сопственик на телефонот кого аукциската куќа Alexander Historical Auctions го опиша како „личниот хитлеров смртоносен инструмент“.

Според информациите на аукциската куќа, телефонот на познатиот германскиот производител „Siemens“ со гравирано име на Адолф Хитлер и подарок од Вермахтот. Во април 1945 година него го пронашле советските војници во бункерот на фирерот веднаш по неговото самоубиство.

Потоа бил предаден како подарок на британскиот офицер сер Ралф Рајнер, кој бил испратен од фелдмаршалот Бернард Монтгомери на средба со руските офицери во Берлин, а овој подоцна го сокрил и неговото семејство го чувало уредот повеќе од 70 години.

Телефонот на Хитлер е изработен од црн бакелит со ротационо бирање на бројките и поврзан со плетен кабел обоени во црвена боја. На телото од уредот се гравирани орел и свастика (кукаст крст) симболите на Националсоцијалистичката партија и Третиот рајх, како и името на Адолф Хитлер.

Според експертите на аукциската куќа, основните ознаки на телефонот сведочат дека тој била направен во април 1940 година во фабриката на германскиот концер „Siemens“ во Берлин.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail