ТЕНЗИЈА ВО „СЕ ИЛИ НЕШТО“: Играше по астролошки бројки и со крст осветен во Ерусалим, па на крај и требаше шеќер и вода!

gdsgdsg.png

Изминатата недела и не беше баш среќна и наклонета за добра игра кај натпреварувачите во популарното квиз-шоу  „Се или нешто“.

Оваа среда наспроти Лила и во битка со банкарот застана скопјанката Добринка која имаше навистина напната игра со многу возбуда. На почетокот таа ги покажа своите амајлии, односно мал крст осветен во Ерусалим, а поткрепа и беа и среќните астролошки бројки за нејзиниот знак во хороскоп.

Иако ги отвори високите суми, на крај и остана кутијата со милионот и само уште една, која наедно и донесе висока понуда од банкарот од 250 илјади денари кои реши да ги земе.

Сепак, и оваа натпреварувачка немаше храброст да оди до самиот крај, но имаше среќа што ја прифати високата понуда, бидејќи во нејзината кутија се криеја само 5000 денари.

Инаку, Добринка е инструктор во авто-школа и е една од кандидатите што во овие шест сезони на квизот освоила најмногу пари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail