Теоретски возможна ракета која би се движела скоро со брзина на светлина

vest_3_raketa_1.jpg

Теоретската физика често пати ги поместува границите кои ги имаме поставено во нашата имагинација, без разлика дали се работи за истражување можности за warp погон или разбирање на степенот на експанзијата на универзумот.

Норвешкиот професор по квантитативни финансии Еспен Гардер Хауг, верува дека постои можност да се создаде ракета со фотонски погон која може да достигне 99.999% од брзината на светлината (300 000км/ч), и дека иако тоа не би се случило во скоро време, во иднината кога потребната технологија ќе биде на располагање, би можеле да направиме летало кое би се движело со оваа брзина.

Студијата на Хауг ја прикажува математиката вклучена во развивање на ракета која би можела да не доведе до брзина скоро колку онаа на светлината, користејќи фотони како погонски механизми. Таква ракета би овозможила реализирање на идејата за патување во длабочините на вселената и би можела да го отвори универзумот за човечката раса.

Иако оваа идеја делува неверојатно, предлогот се задржува во границите на природните физички закони. Според Хауг, сè додека ниедна од фундаменталните честички не патуваат побрзо од брзината на светлината, тогаш предложената брзина од 99.999% од неа би била апсолутна максимална брзина за една ракета.

Сега засега создавање на ваква ракета би било невозможно, бидејќи моментално за да функционира би бил потребен забрзувач на честички неколку кратно посилен од Large Hadron Collider-от.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail