Теории на заговор: Апокалипсата доаѓа пред нова година

isus.jpg

Ќе дојде до промена на магнетните полиња, што ќе доеде до силни земјотреси и „тркалезен облак“ кој ќе пустоши се по планетата. Исус Христос ќе се врати на земјата и ќе го одведе својот народ во Рајот, а планетата ќе ја остави „стерилна“ во наредните 1 000 години. 

Ова не е прво тврдење дека 2016 е последна година за цивилизацијата. Теоретичарите на заговор, тврдат дека Исус Христос ќе се врати на планетата од каде ќе го поведе својот народ, а зад себе ќе ги остави грешниците да изумираат во наредните 1 000 години.

Нора Рот, посветена христијанка и компјутерски програмер, вели дека има извршено сложени калкулации кои покажуваат на тоа дека Апокалипсата ќе дојде на крајот на 2016-та година. Во тој момент, „Вечната правда ќе биде задоволена, а Земјата ќе биде оставена да се одмори со милениуми.

Нејзините ставови под наслов „2016 време за крај“ се објавени на нејзиниот сајт, а пренесува британскиот угледен весник „Daily Mail“. На есен 2016-та, ќе му дојде крајот на гревот стар 6 000 години, вечната правда ќе биде задоволена, а Исус повторно ќе се врати да го одведе својот народ во Рајот. Според Рот, Земјата ќе го започне својот 1 000 годишен одмор.

planeta-zemlja-nestaje-u-plamenu-apokalipsa-1

Нејзините ставови се темелат врз основа на калкулации кои самата ги има направено, а податоците за истите вели дека ги добила од Библијата, поточно од Книгата на Даниал од Стариот Завет. Книгата раскажува за Евреите кои биле присилени да се преселат во Вавилон. Таа смета дека секој човек има свој „пробен период“ на Земјата.

Слични тврдења се појавија изминатиот јули на популарната социјална мрежа „Ју Тјуб“ кои ги потврдуваат индикациите за магнетно пореметување на половите и природни катастрофи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail