Теоријата за среќа на Ајнштајн се продаде за 1.3 милиони долари

ajan.jpeg

Теоријата за среќа на Алберт Ајнштајн можеби е релативна, но  достигна 1.3 милиони долари на аукција во Ерусалим. Идеите на Нобеловецот, запишани на на парче хартија, можеби не се толку познати како неговата пионерска теорија на релативитет, но тие ни даваат некоја слика за еден од брилијантните модерни умови.

Компанијата за аукции и изложби „Винер” вели дека Ајнштајн патувал во Јапонија во 1922 година кога дознал дека ќе добие Нобелова награда за физика. Во Токио, бидејќи не оставил бакшиш на портир во хотел, како замена на лист хартија оставил порака.

Пораката била: „Мирен и скромен живот носи повеќе среќа отколку потрага по успех комбиниран со постојан немир“.

Гал Винер, извршниот директор на аукциската куќа, вели дека Ајнштајн му рекол на портирот оти поради неговата слава тоа рачно напишано ливче „ќе вреди многу повеќе од еден обичен бакшиш“.

Винер вели дека наддавањето започнало со 2.000 долари и бргу ескалирало во војна од наддавање која траела 25 минути.

Друго ливче кое портирот го добил од Ајнштајн, на кое било напишано „кога има желба, има начин”, било продадено за повеќе од 200.000 долари, вели Винер.

Тој не сакал јавно да ги открие идентитетите на купецот и продавачот.

Ајнштајн е основач на Еврјескиот универзитет во Ерусалим каде ги оставил своите лични трудови и својот книжен имот. Тој ја одбил поканата да биде првиот претседател на Израел.

Ајнштајн почина во 1955.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top