Теракотни икони од Виница на светска изложба во Оксфорд

ikona3.jpg

Теракотните икони се откриени во раните 1980-ти години при археолошките ископувања на локалитетот Кале кај Виница.

Девет теракотни релјефни икони од Виница ќе учествуваат на светската изложба „Империи на верата, уметноста и појавата на светските религии“ која денеска ќе биде отворена во музејот Ашмолијан на Универзитетот во Оксфорд.

Тие се уникатен споменичен вид и дел од една од најрепрезентативните збирки на Археолошкиот музеј на Македонија. Збирката била многупати претставувана во многу музеи во светот.

Теракотните икони се откриени во раните 1980-ти години при археолошките ископувања на локалитетот Кале кај Виница. Релјефните плочи биле предмет на проучувања и претставување од наши истражувачи, кои до денес успеаја да ги идентификуваат во нивниот полн дијапазон и од сите верски, историски и културни аспекти, со оглед на специфичната формулација на нивниот иконографски и верски концепт.

– Нашето учество на оваа светска изложба, според нејзиниот споменичен, уметнички, верски и интелектуален потенцијал, е значаен придонес за афирмацијата на македонското културно наследство, а особено фактот дека тие ќе бидат претставени во најстариот универзитетски музеј на светот – Ашмолијан во Оксфорд, соопшти Археолошкиот музеј на Македонија.

Изложбата „Империи на верата, уметноста и појавата на светските религии“ во оксфордскиот музеј ќе биде отворена за посетители од 19 октомври до 18 февруари 2018 година.

Извор: МИА

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top