„Тесла“ и „Панасоник“ заедно ќе произведуваат соларни панели

1462817351-32088.jpg

Компаниите „Тесла“ и „Панасоник“ имаат намера заедно да произведуваат соларни панели во фабрика на компанијата „Солар Сити“ во американскиот град Бафало.

Во октомври двете компании најавија дека ќе произведуваат соларни панели ако „Тесла“ ја купи компанијата „Солар Сити“. Зделката е реализирана и наскоро се очекува да почне производството.

Сепак, засега меѓу производите нема да има соларни панели за на покрив, кои компанијата „Тесла“ ги претстави минатата есен.

Според договорот, „Панасоник“ ќе произведува фотонапонски акумулатори со висока ефикасност, а „Тесла“ ќе ги купува. Производството на панелите ќе почне во текот на идното лето.

До 2019 година годишно ќе се поризведуваат соларни панели со капацитет од еден гифават. „Солар Сити“ претходно се обврза дека ќе вработи околу 1.400 луѓе.

„Панасоник“ ќе ги покрие капиталните трошоци, а „Тесла“ се обврза на долгорочен откуп. Двете компаниите веќе работат заедно во фабриката „Гигафектори“ на „Тесла“ во Невада, на производство на батерии за електрични автомобили.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail