Тесла ќе ги гради првите суперполначи во Македонија

tesla-model-s-supercharger.jpg

Американската највредна автомобилска компанија на визионерот Илон Маск, Tesla motors, ги најави плановите за изградба на првите суперполначи.

Tesla планира да изгради суперполначи за полнење на електрични возила во шест земји од југоисточна Европа до крајот на годината, меѓу кои е и Македонија.Како што јавуваат светските медиуми, компанијата има намера да изгради по три станици за полнење во Романија и во Србија и по една во Бугарија, БиХ, Македонија и во Молдавија. Tesla планира да додаде и четири нови станици на постојните две во Хрватска.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail