Tesla ќе го претстави својот камион во септември?

5fc93f4a-aca6-4e0c-885b-aaf429e143cb_790.png

Tesla ќе го претстави електричниот камион, кој го развива подолго време, во септември, потврди шефот на компанијата Елон Маск, додавајки дека по две години ќе биде подготвен и електричниот пикап на брендот.

– Екипата заврши одлична работа, напиша Маск во Twitter, за својот нов електричен камион. – Сериозно, тоа е голем проект!

Маск не даде повеќе детали за проектот, кој тој лично го најави пред некое време, но е факт дека Tesla планира развој на цела низа „тешки модели“. Компанијата работи и на возило за градски превоз, а во него возачот ќе биде заменет од „менаџер“, кој ќе управува со неколку такви возила. Камионот е опремен со систем за автономно движење од ниво 4, ќе му овозможи на возачот да „одмара“ во кабината, додека возилото патува. А, кога технологијата ќе стигне до ниво 5, тогаш товарните превози ќе се вршат без човечка интервенција.

Во Tesla работат и на создавањето на мрежа за управување и користење на возилата со системи за автономно движење. Идејата е дека кога сопственикот не го користи автомобил, ќе може да работи како такси возило и да му носи одредена заработка.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail