„Тесла“ ќе произведе 200 автономни возила за такси компанија во Дубаи

dubai-driverless-tesla-concept.png

Се чини дека Дубаи сака што е можно побрзо да стане дестинација како од научно фантастичните филмови. Најновата вест која доаѓа од оваа земја е дека до 2030 година сака 25% од градскиот сообраќај да го замени со автономни возила. За да ја оствари оваа цел, Дубаи потпиша со компанијата „Tesla“ која треба да им испорача 200 целосно автономни возила, Model S и Model X. Договорот беше потпишан од страна на основачот на „Tesla“, „Elon Musk“ и „Mattar Al Tayer“ директорот на патишта и транспорт во Дубаи. Потпишувањето на овој договор се поклопува со официјалното влегување на Tesla на пазарот во Обединетите Арапски Емирати.

Сумата на договорот не е објавена, но доколку едно возило се проценува на 90.000 долари, тогаш вкупната сума би изнесувала над 18 милиони долари. Времето на испорака исто така останува непознато, се очекува Tesla да ја започне испораката во јули оваа година. Овие 200 возила ќе бидат дел од возниот парк на DTC (Dubai Taxi Corporation). Единствен проблем кој би можел да се појави е тоа што Tesla се’ уште нема пуштено во употреба софтвер за безпилотни возила. Автомобилите кои ќе бидат испорачани во Дубаи ќе го содржат потребниот хардвер, и најверојатно ќе чекаат дополнително инсталирање на софтверот.

Овој софтвер Tesla планира да го објави кон крајот на годинава, а ќе почне да се користи во одредени региони каде што ќе бидат задоволени одредени регулативи за користење на автономни возила. Еден од тие региони каде што ќе стартува користењето на безпилотните автомобили е секако и Дубаи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail