„Тесла“ со загуби во првото тримесечие и покрај рекордното производство и приходи

tesla.jpg

Производителот на електрични автомобили Тесла регистрира рекордно производство и приходи во првото тримесечие во 2017 година, но исто така и поголеми од очекуваните загуби, јави ДПА.

Компанијата објави извештај според кој загубите од јануари до март се 330 милиони долари. За истиот период во 2016 година тие биле 282 милиона.

Приходите се зголемени на повеќе од двапати, до рекордни 2,7 милијарди долари.

Тесла зголемила производство за 64 отсто и испорачале нешто повеќе од 25.000 автомобили, повеќе од кое било тримесечие откако постои. Компанијата наведува дека загубите се поради новиот Модел-3, планиран за јули оваа година кој се очекува да чини околу 35.000 долари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail