5TlSkBObmu-testiranje-na-5g-tehnologija-partnerstvo-na-makedonski-telekom-i-feit.jpeg

Денес, во Скопје, по повод 17 мај – Светскиот ден на телекомуникациите, Македонски Телеком и ФЕИТ објавија партнерство за тестирање на 5G технологија.

Македонски Телеком ќе инсталира 5G опрема и уреди за тестирање со што ќе им овозможи на студентите и професорите први да работат на функционалностите на овој нов технолошки стандард. Добиените резултати ќе се користат за научни цели и унапредувања на услугите кои во иднина ќе им бидат достапни на корисниците.

Тестирањата ќе се прават на новата опрема од Македонски Телеком и во новата „5G Evolution Laboratory“ во рамки на Лабораторијата за безжични и мобилни мрежи, која припаѓа на Институтот за телекомуникации на ФЕИТ.

„Нашите професори и студенти повеќепати се наградувани со престижни признанија за проекти што се развивале во постојната лабораторија. Отсега, со новата 5Ge опрема и уреди, во новоформираната лабораторија ќе ја имаме првата и единствена можност во земјава за тестирање, експериментирање и проучување на реални сценарија поврзани со идните технологии. Реалното тестирање на оваа технологија ќе им даде голема предност на нашите професори, соработници и студенти и сигурна сум дека ќе продуцира нови решенија и иновации“, изјави Лилјана Гавриловска, редовен професор на ФЕИТ.

 


5G или мрежата на петтата генерација во наредните години не само што ќе донесе огромни брзини на пренос на податоци преку интернет и комуникација во реално време, туку целосно ќе го смени начинот на којшто функционира нашето општество.

„Ние интензивно работиме на подготовки за воведување 5G и планираме инвестиции во мрежата за таа намена. Минатата година го изведовме првото 5G демо во регионот, а до крајот на годинава ќе имаме платформа со која ќе добиеме искуства во реално опкружување. Потребни се уште многу тестирања, но сè повеќе се доближуваме до комерцијалната фаза. Партнерството со ФЕИТ е уште еден чекор кон развој на 5G технологиите, но и многу повеќе од тоа, затоа што ќе им даде предност на студентите, идните телекомуникациски професионалци, и на професорите први да ја тестираат новата револуционерна технологија која сè уште целосно не е воведена во Европа“, изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

извор: точка.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail