arapi.jpg

Жителите на арапските држави важат за најбогати луѓе на светот. Како што многумина тврдат, Арапите се уште не се сретнале со цена која не им одговара, така што секогаш се облечени во најнова мода, иако поради традиционалната облека ние тоа не го гледаме.

Тие носат најскапи Ролекс часовници, возат уникатни автомобили правени по мерка, се забавуваат на јахти, во приватни авиони, претседателски апартмани и се она што според нивното мислење им доликува на најбогатите луѓе на светот.

Листата на најбогати Арапи оваа година содржи неколку националности од арапските земји, а нивното вкупно богатство е проценето на 76.7 милијарди долари.

Еве кои се тие:

Насеф Савирис

Со вкупно богатство проценето на 6.6 милијарди долари е потомокот на најбогатото семејство во Египет. Тој ја предводи ОЦИ, една од најголемите компании на светот во полето на производството на азотно ѓубриво, со погони во Тексас и Ајова. Покрај тоа, има удел и во Лафарџ Холцим компанијата, која се занимава со производство на цемент, а акции има и во компанијата Адидас.

Хусеин Сајвани

Со богатство од 4.1 милијарди долари, тој е претседател на компанија Дамак Пропертис од Дубаи, која се занимава со развој на луксузни недвижнини, фирма која тој ја основал во 2002 година. Тој своето работење го започнал во прехранбената индустрија, спремајќи храна за војската на САД.

Исад Ребраб

Со богатство вредно 4 милијарди долари, тој основач на ЦЕО Цевитал компанијата, најголемата приватна компанија во Алжир. Цевитал ја поседува една од најголемите рефинерии за шеќер на светот, со производен капацитет од два милиони тони годишно.

Нагуиб Сивирис

Со богатство од 4 милијарди долари, тој исто така е наследник на најбогатото семејство во Египет, а неговиот брат Насеф е споменат веќе погоре. Тој до своето богатство стигнал преку телекомуникациската индустрија додека покрај тоа поседува скоро 20 проценти од австралиската компанија Еволушн Мининг, која се занимава со ископување злато.

Наџиб Микати

Неговото богатство се проценува на 2,7 милијарди долари, а тој е соосновач на инвестиционата фирма М1 Груп од Бејрут, заедно со својот брат Тах. Тој поседува удел во јужноафриканската телекомуникациска компанија МТН, модниот бренд Пепе Џинс, како и недвижнини во Њујорк, Лондон и Монако.

Азиз Аканоуч

Вреди 2.2 милијарди долари, а мнозински сопственик е на Аква груп, мултимилијардерскиот конгломерат кој го основал неговиот татко, а кој работи со нафта, гас и хемикалии, по пат на јавни купувања низ компанијата Африкиа Гас и Магхреб Оксиџен. Аканоуч инаку е и министер за земјоделие и риболов во Мароко.

Мухамед Ал Фајед

Роден е во Александрија, во Египет и поседува богатство проценето на 1.6 милијарди долари. Во средината на 60-тите години Ал Фајед се преселил во Обединетото Кралство, каде стекнал се што поседува. Најпознат е по фактот што некогаш ја поседувал лондонската стоковна куќа Херодс, која ја продаде на Катарец за 2.4 милијарди долари пред осум годни. Сега во негова сопственост е познатиот Риц Париз хотел.

Отман Бенџелум

Со вредност од 1.6 милијарди долари, тој е сопственик БМЦЕ Банката на Африка, која има присуство во повеќе од 20 африкански држави. Неговиот татко бил акционер во РВА Ватања, мароканска осигурителна куќа, која со неговото водење стана водечка.

Сад Харири

Неговото богатство се проценува на 1.5 милијарди долари. Тој е премиер на Либан. Харири оваа позиција ја презема во 2016 година, а претходно на истото место беше од 2009 до 2011 година. Харири е наследник на дел од Сауди Огер, градежна компанија која неговиот татко ја довел од позициите на една од најголемите во Саудиска Арабија.

Фаисал Бин Квасим Ал Тани

Со вредност од 1.6 милијарди долари, тој претседава со компанијата Ал Фаисал Холдинг, еден од најголемите катарски конгломерати, основан во 1964 година. Тој поседува повеќе од 20 хотели ширум светот, вклучувајќи го Сент Реџис во Вашингтон и Мајами, како W хотелот во Лондон.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail