Тинејџер експерт за авиони: Нонстоп патува и живее опкружен со лускуз

Aleks-prva.jpg

Момчето, како дел од неговата работа, се запознава и со екипажот во авионите и разговара со нив за тоа како тие ги извршуваат своите обврски во авиони

Алекс Мачерас е момче кое може да се пофали со кариера каква што многумина би посакувале – врши тестирање во кабините на празни авиони во прва класа, јаде скапа храна и пие скап шампањ.

Тој за себе вели дека за авијација бил заинтересиран отсекогаш, но посериозно со тоа почнал да се занимава на свои 14 години. Стручњак Алекс сега има 20 години и е авијатичарски експрет кој лета ширум светот со прва класа, во празни авиони и ја тестира удобноста во нив, пред официјално да ги понесат боите на некоја од светските авиокомпании.

Алекс на неговите 13.000 следачи на Инстаграм често им споделува фотографии од неговиот луксузен живот – дестинациите, храната, дружбите. Амбиција За „Бизнис инсајдер“ изјавил дека откако знае за себе бил заинтересиран за авиони.

– Роден сум со желба за авиони што не ми дава мир. Постојат снимки на кои како бебе воодушевено вперувам прст кон небото. Во моето семејство никој не бил заинтересиран за тоа, така што тоа не ми е наследено – изјавил Мачерас.

Алекс учел за авијација секој слободен момент, а подоцна почнал да посетува и часови по летање. Еден од главните идеали кон кои тежнеел бил она што го работи могулот Ричард Бренсон, сопственик на компанијата „Вирџин“, чија книга ја прочитал неколку пати до својата 13-та година.

– Не смеев да ја носам на училиште заради големиот број на пцовки што ги содржи, но се навлеков од оној момент кога почна да раскажува како ја основал компанијата – објаснил Мачерас.

На 14 години Алекс го повикале од разни радио-станици во Британија, бидејќи ги запазиле неговите одлични анализи на авионската индустрија, што ги објавувал на Твитер. Веќе кога имал 16 години гостувал на телевизии како експерт, а штом завршил средно училиште се вработил како еден од најпочитуваните авијатичарски експерти.

Денес има блиска соработка со производителите и конструкторите на авиони и негова задача е да ги процени нивните перформанси на сите нивоа. Таквата професија му носи многу погодности и богатство. Кога не патува со авион, Алекс наутро на радио или телевизија зборува за најновите случувања во авијацијата, пишува текстови за тест-летовите и слично.

Момчето, како дел од неговата работа, се запознава и со екипажот во авионите и разговара со нив за тоа како тие ги извршуваат своите обврски во авионите.

Во слободно време се дружи со стјуардесите и пилотите. Исто така, има време на патувањата да разгледа и некои интересни места по светот. Омилена дестинација му е Руанда, каде што сакал да разгледа колку повеќе може. А, Алекс има само 20 години.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail