Тинејџер одбил 5 милиони фунти за својот сајт

weneed1.com-570.jpg

Британецот Мухамед Али кој има 16 години тврди дека добил понуда од американски инвеститори од 5 милиони фунти за неговиот сајт за штедење, што го создал во спалната на неговите родители. Ги одбил.

Тинејџерот од Јоркшир, кој својата прва компанија ја лансирал на свои 12 години, заработил повеќе од 40.000 фунти откако сам креирал видео игра и финансиска апликација за берза. Сега, сака да лансира сајт за заштеда (weneed1.com) заедно со својот бизнис партнер, 60-годишен Крис Торп.

Али изјавил дека кога со својот бизнис партнер се сретнале со група американкси инвеститори во Лондон за да дискутираат за новата инвестиција, тие наместо тоа му понудиле да ја откупат компанијата за повеќе од 5 милиони фунти.

– Се најдовме со инвеститорите во Лондон и тие не сфатија дека јас сум ја креирал целата технологија – изјавил тинејџерот.

Понудата ја одбил во декември, пред Божик, пренсе „Дејли стар“.

– Главната причина заради што ја одбивме понудата беше тоа што ако технологијата и концептот сега вредат милиони, којзнае колку ќе вредат кога луѓето ќе почнат да ги користат. Разбирам дека преземам голем ризик, но сакам да го направам ова како што треба, да биде познато и истовремено да заработам нешто за себе – изјавил Мухамед Али.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail