Тинејџер сади по 150 дрвја за секој човек на Земјата

Felix-Finkbeiner-Plant-Trees-889x667.jpg

Феликс Финкбајнер има неверојатна мисија. Пред 10 години, кога имаше само 9 години, одлучи да се бори против климатските промени со садење милион дрвја. Тогаш тој сметаше дека возрасните само зборуваат без да преземат нешто.

Со својата иницијатива Plant for the Planet амбициозниот тинејџер ја надмина првичната цел заедно со Обединетите нации и нивната кампања Billion Tree Campaign и засадија повеќе од 14 милијарди дрвја во повеќе од 130 земји. Но, тој допрва почнува.

Felix-Finkbeiner-United-Nations

Феликс истражил како климатските промени влијаат на поларните мечки, негови омилени животни и потоа на Интернет наишол на импресивни стории за активисти кои садат дрвја.
Оттука почнува неговото движење. Медиумското внимание кое го привлече му помогна да ја оствари целта и да контактира со Обединетите нации и со Европскиот парламент.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail