Тинејџери во Австралија спасуваат повредени коали во пожарите

img-491760.jpg

Пожарите во Австралија сè уште не се изгаснати, а според новите информации, над 500 милиони животни се починати од септември до денес, поради оваа ситуација.

Најпогодени се коалите. Досега објавивме повеќе случаи во кои коалите им приоѓаат на луѓето и бараат помош и вода, како и луѓе кои ги спасуваат ризикувајќи го сопствениот живот. Меѓу тие херои се 19-годишниот Мајка и 18-годишнот Кејлеб, двајца братучеди кои со автомобил се возат низ островот Кенгуру и спасуваат коали.

Универзитетот во Сиднеј соопшти дека скоро 500 милиони животни умреа во пожарите од септември. Станува збор за ретки и заштитени видови. Научниците се скептици како екосистемот и биосферата во земјата ќе закрепне од оваа трагедија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail