Тинејџерки открија астероид кај Марс кој се движи кон Земјата

asteroid.jpg

Тинејџерки открија астероид кај Марс кој се движи кон Земјата

Две тинејџерки од Индија со помош на слика од телескопот на Универзитетот на Хаваи открија астероид кој се движи кон Земјата.

Астероидот сега се наоѓа во близина на Марс и се очекува да помине покрај Земјата за околу милион години, соопшти SPACE India, приватен институт каде двете 14-годишни девојки учествувале во кампањата SPACE-All India Asteroid Search Campaign.

Астероидот кој го открија Ваидехи Векарија Санџајбаи и Радика Лакани Прафулбаи од Сурат, Гуџарат, НАСА засега го нарече HLV2514, а девојките ќе имаат прилика да му дадат им

„Се радувам што ќе имаме шанса да му дадеме име на астероидот“. Изјави Ваидехи која додава дека кога ќе порасне сака да биде астронаут.

Научниците откриваат илјадници астероиди и комети годишно и прават проценки според нивната траекторија на движење дали се опасни за Земјата.

Во 2013 година, астероид потежок од Ајфеловата кула експлодира над централна Русија, при што повеќе од 1.000 луѓе беа повредени.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail